Докиќ одговори на прашањето кои алергични луѓе не треба да се вакцинираат против Ковид-19

од Nikola Popovski
372 прегледи

Директорот на клиниката за пулмологија, Дејан Докиќ, за емисијата „Топ тема“, појасни дека стравувањата за можни алергиски реакции при примање на вакцините треба да се ограничат само на луѓе кои во минатото имале тешки алергии кои довеле до т.н анафилактички шок, при што морало да биде аплициран адреналин.

„Оние што имаат обични алергии, на полен или на некои храни, да не се секираат, тие се безбедни. Само оние што имаат или имале во историјата на болеста податок дека имале анафилактички шок или реакција која завршила со примена на адреналин или епинефрин, не треба да се вакцинираат“, истакна Докиќ.

Според него, исто така не се препорачува да се вакцинират деца до 16 години затоа што ни една вакцина нема направено истражувања на оваа категорија граѓани.

Слични содржини