Докиќ: Ризикот од несакани реакции со вакцината на АстраЗенека е 1 наспрема 50.000

од Nikola Popovski
403 прегледи

Пулмологот и координатор на ковид-центрите на Клиничкиот центар, Дејан Докиќ изјави дека сите вакцини се безбедни и имаат ефикасност.

„Ова го тврдат СЗО и ЕМА. Не може да се издвои некоја вакцина во овој момент дали се подобра или полоша од другите. АстраЗенека користи векторјадни вируси, како што и Оксфордската и Спутник V“, вели пулмологот во вклучување во дневникот на Сител ТВ.

Според него, со АстраЗенека имаме најмалку податоци.

„Ризикот од несакани реакции од оваа вакцина е 1: 50 000, што значи огромна е разликата. Јас би се вакцинирал со првата вакцина што ќе дојде. Заштитата е од 70 до 90 проценти, со ниедна нема 100 посто заштита“, истакнува Докиќ.

Слични содржини