Доколку моите ставови наидат на неразбирање, ќе се повлечам од КЗБ, вели д-р Беќаровски

од Nikola Popovski

Докторот од Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски се огласи откако денеска беше обелоденето дека е нов член на Комисијата за заразни болести. Тој потенцира дека членувањето во ова советодавно тело е без парична надомест.

-За сите “душегрижници” кои тврдат дека сме платеници веднаш да ги разочарам, бидејќи членувањето во Комисијата е без никаков паричен надомест и е доброволен ентузијазам на 26 доктори, кои во рамките на своите можности и знаење, ќе пробаат да формулираат препораки и совети до Министерот како побезболно да се пребродат сите предизвици од пандемијат, појасни Беќаровски.

Според него, досегашните ставови и погледи за пандемијава кои ги споделуваше јавно, од денес ќе проба да ги образложува и брани, пред неговите колеги од Комисијата и се надева дека барем за дел од нив ќе наиде на разбирање, или пак на негово неодложно повлекување од Комисијата.

-Сите добронамерни совети, стручни совети ќе бидат повеќе од добредојдени и ве повикувам да бидете претставени пред други написи. Како и досега, така и отсега ќе се трудам да одговорам на што повеќе прашања на прашањата што ги поставуваат, особено во групата Ковид-19, образложи Беќаровски преку статус на Фејсбук.

Министерот за здравство, Беким Сали денеска соопшти дека д-р Александар Петличковски е новиот претседател на Комисијата за заразни болести, а д-р Злате Мехмедовиќ ќе биде нов портпарол.

Во тимот засега остануваат Виктор Исјановски, Иринка Сотирова Бухова, Милена Стевановиќ…

Министерот кажа дека Комисијата ќе се состанува секој вторник, а по потреба ќе има и повеќе состаноци.

Слични содржини