Доколку НАТО побара, македонската армија може да се вклучи во можниот конфликт меѓу Русија и Украина, вели Петровска

од Nikola Popovski
532 прегледи

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска информира дека доколку НАТО побара од македонската армија да се вклучи во можниот конфликт на границата меѓу Русија и Украина, тоа може да се случи, но само со согласност на Владата и претседателот Стево Пендаровски.

-Ангажманот на нашата армија се дефинира на конференција за генерирање на сили кои се оддржуваат под Врховна команда на сојузничките сили на НАТО за Европа и секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно можностите. Во моментов имаме обврска и изготвуваме анализи за можноста за потенцијално наше учество во можната деескалација на ситуацијата. Одлуката после ја носи Владата, но и претседателот како врховен командант, вели Петровска во интервју за ТВ Телма.

Министерката го повтори вчерашниот став дека Македонија го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

-Како земја членка на НАТО ја поддржуваме и се залагаме за политика на отворени врати и правото на секоја земја за самоопределување. Во тек се дипломатски преговори за мирно решавање на спорот и таквиот тек го поддржуваме како држава. Засега немаме барање од Русија за некако повлекување на НАТО, како што побараа од Бугарија и Романија, рече Петровска.

Слични содржини