Доколку не се создаде единство околу преговарачката рамка, ДС нема да ја поддржи, порача Трајанов

од Vladimir Zorba
344 прегледи

Ставот на Демократскиот сојуз е дека треба да се обезбеди поширок консензус во однос на предлог-заклучоците во врска со францускиот предлог од сите партии во Собранието, и од власта и од опозиција, изјави денеска на прес-конференција претседателот на партијата, Павле Трајанов.

Како што напомена Трајанов доколку „не се создаде единство околу оваа преговарачка рамка“, тогаш ДС нема да ја поддржи. Тој потсети дека е формирана Парламентарна работна група која требаше да подготви заклучоци прифатливи за Парламентот во целина или барем за повеќе политички партии, составена од претставници на поголемите партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Алијанса за Албанците и ДУИ.

– Ставот на Демократскиот сојуз околу ова стратешко прашање е дека треба да се обезбеди поширок консензус. Во таа насока Парламентот треба да донесе заклучоци прифатливи за мнозинството пратеници, односно за сите важни политички партии застапени во Парламентот, вклучително и опозицијата, рече Трајанов.

Тој потенцираше дека Демократскиот сојуз доставил предлог-заклучоци, кои би послужиле за разговор меѓу партиите и изнаоѓање на консензус.

Слични содржини