Доколку нема субвенција од државата, сметките на граѓаните за струја би биле петпати поголеми, вели Ковачевски

од Берта Китинска
212 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 24 анализа рече дека ќе се обезбедат дополнителни субвенции за струја.

– Самото продолжување на субвенционирањето на електрична енергија за 610 000 домаќинства и 72 000 мали потрошувачи, субвенцинирањето на струјата значи дека ќе има нов издаток од буџетот. Тоа значи дека вкупната сума која ќе биде иплатена од буџетот надминува 220 милиони евра само за субвенција на стујата која ја плаќаат граѓаните. Доколку не е таа субвенција, која ја дава државата преку ЕСМ за да може да произведе струја која е поевтина и да ја продаде по пониска цена од пазарната на ЕВН, сметките на граѓаните би биле петпати поголеми, рече Ковачевски.