Премиерот Димитар Ковачевски денеска потврди дека ЕУ ќе остане главна стратешка цел и определба и доколку остане бугарското вето после месец јуни.
-Скоро 80% од нашата надворешна трговска размена е со ЕУ. Таа стратешка определба ќе остане единствена. Разговорите ќе продолжат и мора да се базираат на европски вредности и меѓусебна почит и достинството на граѓаните од С. Македонија и Бугарија. Доколку се стремиме кон тие европски вредности, верувам дека ќе се дојде до решение за брз напредок во преговорите со ЕУ и наше членство, рече премиерот во Дневникот на ТВ Сител.
Премиерот потенцира дека сѐ додека немаме достоинствено решение со Бугарија на маса, нема да имаме решение.
-Се ќе оди преку Собранието, таму е местото. Се придржуваме до позициите. Отворивме голема соработка со Бугарија и се релаксираа односите во однос на преговорите. Се додека сме поблиску до решение, се посилни ќе бидат критичарите на тие што не сакаат решение и на трети земји. Проширувањето на ЕУ е безбедносно прашање и мора да биде на ниво на својата задача и час поскоро треба да започне преговори со С. Македонија и Албанија, појасни Ковачевски.