Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски смета дека утре во Охрид, на денот на отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, може да се очекуваат повеќе работи.
-Можеме да се надеваме на најдоброто, но и да се подготовиме на најлошото. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Левица се собираат на протести, можеме да видиме дека стануваа насилни. Не смееме да го дозволиме тоа. Ова е провокација и Бугарија сака да покаже дека сме мрзачи на Бугари и со идеологија на Тито. Тоа не е вистина, но со паѓањето на овој тип на провокации и насилното однесување на овие собири, светот ќе мисли дека сме тоа што Бугарите не претставуваат. Мора да се прави разлика и не смеат да се изедначуваат двете страни. Кај нас антибугарските изјави, за среќа, само се на теренот на опозицијата, рече Богоевски во емисијата „Клик плус“.