Доколку Трамп стане претседател, САД ќе излезе од НАТО, предупредува негов поранешен советник

од Nikola Popovski
265 прегледи

Поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, оцени дека кандидатот за нов мандат „нема мозок“ да биде диктатор, но предупреди дека доколку биде реизбран за претседател, „многу веројатно“, САД ќе ја напушти НАТО алијансата.

„Побогу, тој се занимава со недвижен имот“, рекол Болтон, одговарајќи на прашање на француски „Фигаро“ за тоа дали Трамп ќе продолжи со „диктаторските тенденции што претходно ги фалеше“.

Болтон посочил дека Трамп не сака „да се занимава со анализа на политики или одлучување“ и дека се зависи од прашањето „каква корист ќе му донесе тоа“.

„Трамп, кога има идеја, се враќа на неа одново и одново, потоа неговото внимание се пренасочува, па повторно се враќа на неа и постапува по неа“, рекол Болтон.

Затоа, предупредил разузнавачот, излегувањето од НАТО е многу веројатна опција.

„Многумина мислат дека тоа е само алатка за преговори, но јас не мислам така“, заклучил Трамп.

Слични содржини