152
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи информираше дека целиот пакет од ЕУ има европска компонента и билатерална компонента.
-Билатерната компонента е протоколот и тој не е веќе во европскиот пакет, туку е билатерален со Бугарија, но е дел од процесот за да Бугарија даде согласност на пакетот. Тој е усогласен меѓу МНР, но треба да го одобри владата и да го разгледа преку целиот пакет. Доколку Владата донесе одлука дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на Меѓувладината комисија со Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам тоа временски ќе биде истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој француски предлог, одговори Османи на новинарско прашање.