Доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, нема да постигне договор со Бугарија, смета Пендаровски

од Nikola Popovski
235 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е коректен кога вели дека нема поддржи отворање на Уставот за внесување на Бугарите, ако немаме писмена гаранција. Го зборувам тоа со месеци. Не е проблем да ги внесеме и Хрватите, Црногорците, сме ставале и други народи, ќе ги ставиме и Бугарите, но која е гаранцијата. Срамота е секој понеделник да го отвораме Уставот. Тоа е сувереноста, белегот на една држава. Да си играш мајтап и да го отвораш на секои две недели не е коректно. Затоа барам од тебе ако си сериозен во оваа намера, да ми потврдиш и да ми потпишеш дека во овој дел е последно, за да не поставиш пак некое друго вето, вели претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Само интервју“

Во однос на барањето на опозицијата да се објави за што се преговара со Бугарија, Пендаровски вели дека легитимно е опозицијата да бара.

-И јас да сум опозицијата би барал. Ова не може да се скрие. Мора да се ратификува во Собранието. Не може да се крие успешно, не е можно тоа, посочува претседателот.

Пендаровски смета дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, нема да се постигне договор со Бугарија.

-Јас ви тврдам дека со сегашниот нивен став, нема да имплементираат ништо од 2017. Дај боже да грешам, но знам што сега се зборува. Со овие ставови не правите договор со Бугарија, оценува претседателот.

Слични содржини