Доктор ја искористил позицијата за да го вакцинира целото свое семејство преку ред

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека еден лекар го искористил своето влијание за да ги протурка членовите на семејството да бидат меѓу првите што ја примиле вакцината.

Први на списокот за примање на вакцината во таа земја се здравствените работници.

Лопез Обрадор рече дека влијанието на лекарот да дојде до вакцините го нарекол „неморално“, објави „Гардијан“.

Тој не прецизираше какви мерки може да се преземат против инволвираните лица и кои сè уште не се идентификувани, но рече дека случајот е под истрага и дека ќе има казни.

Експертите изразија загриженост дека кражбата, корупцијата или фалсификувањето можат да влијаат на програмата за вакцинација во Мексико.

Досега, Мексико прими околу 50.000 дози вакцина „Фајзер“, што не е ни приближно доволно да покрие 1,4 милиони здравствени работници, иако се очекува прилив од стотици илјади вакцини во наредните недели.

„Семејство кое не беше на списокот за вакцинирање дојде на местото за вакцинација и прими вакцина „Фајзер“, рече Лопез Обрадор и додаде дека станува збор за лекар, сопруга и една или две ќерки.