Доктор ја откри вистинската причина зошто сме постојано уморни

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Заморот е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, а во зимските месеци сме почувствителни и помалаксани од вообичаено.

За жал, ова може да се припише на голем број проблеми, од хронични болести до рутини за спиење и јадење, што го отежнува дијагностицирањето на основната причина.

Сепак, д-р Ерик Берг на својот канал на Јутјуб откри дека во повеќето случаи причината за замор е многу посложена.

„Бев уморен добар дел од мојот живот и го надминав тоа. Се сеќавам дека возев со сопругата во моите доцни дваесетти, целосно исцрпен, обидувајќи се да најдам продавница за здрава храна каде што можам да купам витамини кои ќе ми дадат повеќе енергија. Тие никогаш не функционираа“, објасни тој.

Докторот вели дека всушност морал да разбере како неговото тело создава енергија.

„Сè започнува со митохондриите. Тие се како енергетска фабрика, длабоко во нашите клетки. Ако сте уморни, митохондриите се коренот на проблемот. За правилно да се снабдуваат митохондриите, треба да ја јадете вистинската храна“, додаде тој.

Д-р Берг истакнува дека е тешко да не се чувствувате уморни ако нашето дневно мени се состои претежно од преработена храна.

„Таквата храна нема никакви енергетски или нутритивни фактори кои ни се потребни“, посочи тој.

Според Harvard Health, храната која содржи масни киселини и протеини, како што се пилешко, мисирка, лосос, туна и ореви, може да помогне во производството на енергија. Што се однесува до важните витамини и минерали, д-р Берг ги издвои витамините од групата Б, магнезиум, манган, селен, витамин Ц и коензимот К10.

Слични содржини