392
Уште еден здравствен работник кој беше заразен со коронавирусот донираше крвна плазма за да помогне во лекувањето на пациентите.
-Уште еден наш колега даруваше крвна плазма. Д-р Кристијан Богданоски, вработен во службата за Итна медицинска помош од Македонски Брод, дава пример што значи солидарност и хуманост. Д-р Богданоски е еден од здравствените работници кои ја добија битката со вирусот Ковид-19 и самоиницијативно се пријави за донација. Со донација на плазма спасуваме човечки живот! Ако сте го прележале вирусот, контактирајте го центарот за Трансфузиологја и проверете дали може да сте следниот донор кој ќе направи добро дело, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.