Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници низ целата земја

350 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил посочи дека сите доктори од сега ќе можат да оперираат и во јавни, како и во приватни болници.

„Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници низ целата земја. Со новата предлог измена на Законот за здравствена заштита, докторите ќе може по потреба да патуваат во друг град за да дадат одредена здравствена услуга. Докторот нема да биде стриктно ограничен да работи само во установата каде што работи, туку неговата експертиза, знаење и услуга ќе може да ја пружа низ целата држава, таму кадешто за тоа ќе има потреба. Пациентите повеќе нема да патуваат од другите градови во Скопје, туку ќе патуваат докторите. Пациентите се на прво место и правиме сѐ да го подобриме нивното здравје“, се вели во фејсбук статусот на Филипче.

Слични содржини