Докторите советуваат: Овие работи не треба да ги правите пред PCR-тест 

од Берта Китинска

Раководителот на одделот за заразни болести на Рускиот универзитет ПФУР, Галина Кожевникова, изјави за рускиот портал РБЦ дека три часа пред тестот за ПЦР, не треба да пиете течност, да миете заби или да пушите.

Д-р Татјана Романенко нагласува дека не треба да јадете ништо пред тестот. Исто така, не треба да ја плакнете устата со течности за орална хигиена пред тестирањето. Покрај тоа, таа тврди дека тестот нема да биде точен ако некое лице го дува носот пред да се земе брис од него.

Доктор по биолошки науки, професор на Московскиот државен универзитет Алексеј Аграновски верува дека врз конечниот исход на тестот може да влијае начинот на кој лабораторијата ги третира самите примероци.

Слични содржини