Докторката од Куманово по повеќе од 40 дена боледување доби негативен тест за Ковид 19

од Берта Китинска
365 прегледи

Докторката  од Куманово Гордана Николиќ,  која се зарази со Ковид 19 на работното место, по 40 дена боледување објави дека добила прв негативен резултат.

„Прв пат НЕГАТИВЕН брис, од првиот позитивен на 23 ти март и сите потоа беа позитивни, се до сега ! Се радувам како дете ! Еве и пивото од фрижидер го најдов да наздравам, за сега уште само на тераса можам да си наздравам сама со себе ! Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре“ соопшти Николиќ.

За проблемите за кои се пожали докторката од Куманово реагираше и министерот за здравство Венко Филипче, кој по нејзината критика рече дека се работи на подобрување на заштитата на медицинските лица.

 

Слични содржини