Докторката-родилка, позитивна на Ковид-19 си заминала од Инфективната клиника

од Nikola Popovski

Докторката-родилка која криеше дека имала контакт со заразенo лице и која стави во изолација 10-тина лекари и сестри во две болници, денеска си заминала од Инфективната клиника.

Таму родилката била префрлена по породувањето во приватната болница “Ремедика“

„Попладнево потпишала изјава и си заминала од Инфективната клиника. Сега надлежниот инспектор за случајот чека Инфективната клиника да ни достави податоци за пациентката за да и доставиме решение за домашно лекување и за изолација на лице позитивно на Ковид-19“, изјави за Телма директорката на ДЗСИ, Ирина Сотирова Бухова.

Денеска на Клиниката за гинекологија била украдена нејзината изјава во која потпишала дека немала контакт со позитивен на КОВИД-19.

Во меѓувреме се огласил и свекорот на оваа пациентка, кој за Телма телефонски изјавил дека снаата не знаела дека тој е позитивен кога отишла во болница, а дека самиот тој го дознал резултатот утредента, на 7 јуни.

Слични содржини