Еден јавно објавен документ од Денвер Нагитс предизвика голема збунетост меѓу јавноста. Имено, во него пишува дека Никола Јокиќ се здебелил дури 15 килограми.
Ова лето можеше да се види дека Јокиќ изгуби многу килограми.
Во официјалните извештаи што ги објави Денвер, а ги споделија медиумите на социјалните мрежи, пишува дека Јокиќ сега тежи дури 15 килограми повеќе.
Паралела била направена со минатата сезона, кога тој тежел 113 килограми пред почетокот на НБА-лигата, а сега, според весниците, тежи скоро 129.
Таа информација ги изненади фановите бидејќи дури не изгледа дека тој ја добил оваа тежина во мускулна маса.
Според табелата од клубот, Влатко Чанчар се здебелил 11 килограми, додека Бол Бол изгубил 5 килограми.
This years height and weight vs last year. Kinda strange, Jokic supposedly put on 34 pounds, Bol lost 11 pounds… that don’t seem right pic.twitter.com/srYTg70aIY
— Murray Center 🏹📋 (@murray_center27) December 5, 2020