ДОКУМЕНТ на Коха: Германците и Французите се за автономија на северно Косово

од Nikola Popovski
441 прегледи

Уредничкиот одбор на приштинскиот весник Коха доби документ во кој се наведува дека е „нон-пејпер“, составен од Германија и Франција, како дел од заедничката иницијатива на двете земји за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и заклучување конечен договор.

Коха не ја потврди автентичноста на овој документ, но велат дека некои дипломати, кои весникот ги контактирал, „повеќе или помалку“ потврдиле дека точките во документот се во согласност со она што се очекува да биде тема на дискусија во продолжување на дијалогот.

Главниот уредник на Коха, Агрон Бајрами, на својот Твитер издвои неколку точки од тој документ, меѓу кои се дека Србија и Косово ќе ги почитуваат меѓусебниот суверенитет и интегритет, дека ќе има автономен регион на Северно Косово, Митровица како царинска зона, сите претходни договори ќе треба да бидат исполнети дека договорот ќе биде постигнат до февруари 2022 година, а дотогаш ќе има мораториум за лобирање за и против признавање на независноста на Косово.

Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина се очекува на 11 мај, објави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Важно е српската делегација да ги согледа барањата на Албанците, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите со европските претставници во Брисел, но додаде и дека Србија нема никакви барања, освен едно и „нормално“ да ги исполни сè за што се согласивме“.

На прашањето дали очекува продуктивни разговори со косовскиот премиер Албин Курти на 11 мај, Вучиќ рече дека нема потреба да се брза и дека е најважно да се водат разговори.

„Полека, не очекувајте премногу од еден состанок, но добро е што постојат состаноци, да разговараме, секогаш е можно да се смират тензиите“, додаде тој.

Од Приштина пристигна реакција – косовската влада не е информирана за тоа.

Слични содржини