(Документарен филм) Свети Валентин беше крвав во 1929- денот кога Ал Капоне изврши една од најкрвавите пресметки во Чикаго

од desk4
114 прегледи

Најголем број денеска опиени од љубов наздравуваат славејќи го Свети Валентин. Но, ретко кој се сеќава дека во 1929 година ова важеше за еден од најкрвавите денови за мафијашка пресметка. Сте слушнале за Ал Капоне, нели?

189002483a7d5ca61491ecbbfc6b3a05

Седум луѓе построени на ѕидот од гаражата се убиени

Всушност, кон крајот на 20тите и почетокот на 30тите години од минатиот век во Чикаго имаше преметка на неколку банди, а на чело на една стоеше легендарниот мафијаш Ал Капоне.

Кулминацијата меѓу Ал Капоне и ирските гангтери се случи токму на денешен ден и тој датум е запишан во историјата како Масакр на ден Свети Валентин. Тогаш, седум луѓе ѕверски се убиени на северот од Чикаго во гаража во која еден Ирец продавал алкохол. Испалени се дури 70 куршуми од две пушки, а на крајот две лица членови на Морановата банда биле изобличени од ќотек.

Иако имаше информации дека е убиен и Моран, сепак тоа не се случи, а тој како контра напад го обвини Ал Капоне, кој го негираше тоа, пренесува Хистори каналот.

Инаку, овој масакр бил и почеток на крајот на славниот мафијаш. Во многу ефективна организација, енормна заработка и немилосрдност кон конкуренцијата го пратеше доста лоша репутација во јавноста. Според медиумите, тој е прогласен за национален непријател број еден, а ФБИ конечно почнало со истражување на неговата работа.

download (10)

Ал Капоне застана на чело на италијанската мафија од 1925-та година, а се претпоставува дека од коцкање, проституција и производство и криумчарење алкохол заработувал околу 60 милиони долари годишно. Најпознатиот мафијашки бос е познат и по насилството и суровите убиства на своите противцници меѓу кои е и еден ирски мафијашки клан, што било случај токму денешниот ден.

Во март 1929 година е фатен поради непочитување на судот, а два месеци потоа обвинет за носење оружје. Отслужил 9 месеци во затвор а потоа е пуштен подради добро однесување. Две години покасно е уапсен и осуден за даночна проневера на 11 години затвор. Поголем дел од времето го поминал во озлогласениот затвор Алкатраз. На слобода е пуштен во 1939 година, а умрел во својот дом во Флорида во 1947 година.