299
Документарниот филм на режисерот Брет Морген „Moonage Daydream“ за Дејвид Боуви од денеска ќе се прикажува во кината.
„Moonage Daydream“ е првиот филм поддржан од Фондацијата на Дејвид Боуви, давајќи му на Морген пристап до нивната збирка материјали за влијателниот британски рок-музичар Боуви (1947-2016).
„Раскажан преку возвишени, калеидоскопски слики, лични архивски снимки, невидени изведби, а закотвен со музиката и зборовите на Боуви, „Moonage Daydream“ ја поканува публиката да се нурне во уникатниот свет на Боуви“, се вели во соопштението.