Долче и Габана со колекција пролет / лето 2018

од Vladimir Zorba
74 прегледи

“Можете да најдете љубов насекаде.”  Неделата на модата во Милано  претстави навистина неверојатни збирки за пролетно-летната сезона на 2018. Но, кога на модна писта дефилират модели на  Dolce & Gabbana,  како воздухот да се менува.
Италијанското дуо претстави неверојатна колекција во која освен раскош, различно расположение и луксуз, присуствуваше и љубовта. Најсофистицираните декори, кои го дополнуваат сето тоа, беа во форма на големи карти за играње.