Во северозападниот дел на Германија во регионот Харц, отворен е најголемиот висечки пешачки мост во светот. Долг е 483 метри. До сега, на прво место во оваа категоријата беше мостоt наречен “Скај Парк” во рускиот град Сочи.
Мостот, наречен “Титан рт” , се наоѓа во близина на градот Берхарз.Изграден е за потребите на планинарите.
Челичните кабли имаат затегнувачка сила од 947 тони. Мостот е “усидрен” во карпите од двете страни на долината.
Најхрабарите, доколку се обидат ќе имаат можност да скокаат од мостот со банџи џампинг.