Во последните месеци принцот Хари и Меган Маркл ретко се појавуваа заедно во јавноста. Принцот оди сам на патувања, додека Меган за тоа време се забавува со пријателите. Затоа и не е чудно што имаше гласини за проблеми во нивниот брак, на кои Хари сега се осврна.
Принцот Хари стави крај на шпекулациите дека неговиот брак со Меган Маркл е на „стаклени нозе“ откако тие неколку пати се појавуваа одвоено на различни настани.
Пристигнувајќи на самитот организиран од „Њујорк Тајмс“, Хари истакна дека постојаното внимание насочено кон неговиот брак „дефинитивно не е добра работа“.
„Судејќи според информациите, купувавме или се преселивме од куќа до куќа 10 до 12 пати. Очигледно и ние сме се разведувале можеби 10 или 12 пати“, рече принцот Хари пред толпата.
Иако и самиот е навикнат на медиумските препукувања околу нив, тој истакна дека му е „жал“ за интернет троловите кои трошат толку време истражувајќи го неговиот брак со Меган Маркл.
„Тешко е да се следи, но затоа едноставно ги игнорирате. Луѓето за кои најмногу жалам се троловите. Нивните надежи само продолжуваат да се градат и градат, па ги жалам. Искрено ги жалам“.
Таткото на две деца во еден момент дури му се извини на колумнистот на „Њујорк Тајмс“, Ендрју Рос Соркин, кој го интервјуираше, бидејќи поради се и тој може да стане жртва на гневот на интернет троловите по нивниот јавен разговор.
После тоа, тој рече дека таквите гласини, кои се создаваат на Интернет, можат да станат опасни.
„Стекнав многу такво искуство уште од детството. Сум видел пишувани приказни за мене кои немаат врска со реалноста. Читам приказни за членовите на моето семејство, пријателите, странците…Мислам дека кога ќе пораснете во таква средина, на крајот ја доведувате во прашање вистинитоста на информациите, но и што мислат другите за тоа и колку сето тоа може да стане опасно со текот на времето“.