503
Музичарот Раде Врчаковски Врчак, по подолга пауза, повторно испеа еден од неговите стари, добро познати, хитови.
Тој на сцената го придружуваше својот долгогодишен пријател Ламбе Алабаковски, и на огромно задоволство на насобраната толпа се фати за микрофонот.
Видеото од изведбата на хитот „Спасете ме другари“ набрзо стана вирално на социјалните мрежи, а во коментарите обожавателите на Врчак му порачаа дека е редно време повторно да почне да настапува.