Лионел Меси, најдобриот фудбалер во Барселона, донесе одлука за иднината.
Легендарниот Аргентинец решил да остане во Барселона, пренесува дописникот на „BeIN Sport“ од Барселона.
Оваа информација се појави во моментот кога целата планета се радува на големото интервју што напаѓачот го даде за аргентинскиот „Оле“. Во него Меси зборуваше за многу детали од неговиот живот, но и за одлуката за Барселона, кога се очекува детално да објасни зошто се решил на тој потег.
Во првиот дел од интервјуто тој зборувал за своето детство.
„На постарата група момчиња и недостасуваше играч и мојата баба, која го познаваше теренот, почна да им кажува, за јас да заиграм. Тие велеа: „Не, погледни колку е мал, ти си луд, ќе го повредиат“, но таа продолжи да вели: „Ставете го во игра, ставете го“. На крајот, го сторија тоа, јас направив неколку добри работи и оттогаш сè започна…“, рекол, меѓу другото, Меси.
Фановите се потпираат на пријателството на Меси со Жоан Лапорта, кој неодамна успеа да обезбеди заем од 500 милиони евра што може да ѝ овозможи на Барса да донесе квалитетно засилување.
Меси пристигна во Барселона пред 20 години и оттогаш освои 36 трофеи, постигнувајќи 672 гола на 778 натпревари со 304 асистенции.
🧨🚨 عــاجل | مراسل beIN SPORTS في برشلونة: ليونيل ميسي قرر الاستمرار في نادي برشلونة pic.twitter.com/H3XEvHdo3X
— beIN SPORTS الإخبارية (@beINSPORTS_news) May 22, 2021