Долгот кон УЈП зголемен за 262,4 милиони денари на 9,9 милијарди

од Vladimir Zorba
163 прегледи

На Листата на должници бр.11/2020 на Управата за јавни приходи (УЈП) објавени се 1.964 должници – правни лица (помалку за 40 од претходната листа) и 2.719 физички лица (повеќе за 409 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2020 изнесува 9.955.597.703 денари, повеќе за 262.436.188 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.758.588.674 денари (повеќе за 88.411.220 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 197.009.029 денари (повеќе за 174.024.968 денари од претходната листа).

На оваа листа се најдоа имиња на физички и правни лица за долгови доспеани до 31-ви јули и неплатени до 31-ви октомври оваа година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојни вршители на дејност, кои се најдоа на оваа листа, износот на долгот е повисок од 120.000 денари, додека за правните лица долговите надминуваат 300.000 денари.

Слични содржини