Долгот на Рома заклучно со 31 март е повеќе од 250 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Италијанскиот прволигаш Рома објави дека консолидираниот долг на клубот заклучно со 31 март годинава изнесува околу 265 милиони евра, односно дека е зголемен за околу 12 милиони за три месеци. Сепак, тоа е подобрување, бидејќи на 30 јуни минатата година, долгот на Рома изнесуваше дури 300 милиони евра, објавија италијанските медиуми.

Пласманот во полуфиналето од Европската лига им донесе приход од 15 милиони евра од УЕФА, но може да се случи на крајот од оваа сезона воопшто да не изборат европски натпреварувања.

Лигата на шампионите е недостижна за нив, а нивниот настап во Лигата на Европа е под знак прашалник.

Од август минатата година, Рома е во сопственост на американската компанија „Фридкин Груп“.

Слични содржини