Долгот на САД би можел да достигне 120 проценти од бруто домашниот производ на земјата до 2035 година, што би било највисоко ниво во историјата, предупредува новиот извештај на Комитетот за одговорен федерален буџет (CRFB).
Проекциите покажуваат дека дефицитот ќе порасне за дополнителни 23 трилиони долари во следната деценија, додека трошоците за камати би можеле да станат најголема ставка на федералните трошоци, објавува Fox Business.
Според проценките, јавниот долг на Соединетите Американски Држави ќе се зголеми од сегашните 30 трилиони долари на 53 трилиони долари до 2035 година, или 120 проценти од нивниот БДП.