Долгото кашлање е опасно: Може да предизвика сериозни повреди

од Elena Daskalova
369 прегледи

Кога дишните патишта се надразнети од нешто, очекувани рефлекси на телото се кашлањето и кивањето, благодарение на кои организмот го исфрла она што го надразнува.

Но, ако кашлицата трае подолго од три недели и не покажува знаци дека ќе се смири, побарајте лекарска помош, бидејќи се можни повреди.

На пример, кашлица што трае подолго од пет недели, освен што ќе ви причини големи болки во мускулите, може да предизвика и напукнување на ребрата, поради неправилниот ритам на движење на белите дробови и дијафрагмата.

Исто така, може да испукаат капилари во окото, во носот, во грлото, па дури и кај анусот. Поради ова може да имате траги од крв во секретот. Грлото станува поподложно на инфекции, бидејќи слузокожата е оштетена.

Долгата кашлица го попречува правилното функционирање и на дијафрагмата. Затоа често се случува приклештување на нерви и неподносливи болки.

Слични содржини