Должни сме да изградиме сигурност и стабилност меѓу народите на двете држави, вели бугарскиот МВР

од Vladimir Zorba
150 прегледи

„Нема причина за провокации. Ние треба да одиме напред, а тоа е обединета Европа, тоа налага стабилност. Ние сме должни да изградиме сигурност и стабилност меѓу народите на двете држави. Ние не дојдовме овде да правиме провокации, туку да покажеме почит. Ние сме соседи и добрососедството треба да продолжи“.

Ова го изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, откако положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев со бугарскиот министер за здравство и претставници на бугарската Влада.

Тој додаде дека очекува секој бугарски граѓанин да стаса овде, да положи цвеќе и притоа да биде безбеден.

Прашан за тоа, дали изјавите дека Македонија е бугарска држава се во насока на добрососедски односи, министерот одговори дека Република Бугарија била првата која ја признала Република Северна Македонија.

„Ние го почитуваме македонскиот народ и држава“, потенцира Демерџиев.

Слични содржини