251
Партијата ДОМ алармира до општината за потребата од нови градинки на територија на Ѓорче Петров.
-Според информациите од јавноста повеќе од 500 деца чекаат ред за прием во градинките во Ѓорче Петров. Граѓаните секојдневно видно загрижени упатуваат пораки до нас и известуваат за проблемите со кои се соочуваат за згрижување на своите деца.ДОМ Ѓорче Петров апелира за итно довршување и пуштање во употреба на новата градинка во Волково, изградба на нови градинки и проширување на постоечките. Граѓаните на Ѓорче Петров имаат потреба и право на згрижување на своите деца. Сите непродуктивни трошоци и планови за довршување на новата општинска зграда, апелираме да бидат вложени во нови градинки и проширување на постоечките, велат од ДОМ.