ДОМ ќе го поддржи законот за минимална плата во Парламентот

од Берта Китинска
201 прегледи

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин и претседателот на ССМ, Дарко Димовски остварија средба на која дискутираа за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати.

-Од страна на пратеничката Морачанин беше истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието.Работниците ја добиваат потребната поддршка во Собранието и од страна на пратеничката Морачанин, а се со цел унапредување на нивните работнички права и остварување на правото на достоинствена плата со зголемување на минималната плата и спирално ќе се зголемат останатите плати, соопштија од ДОМ.

Претседателот на ССМ, Димовски на средбата истакнал дека Синдикатот ја поздравува одлуката со која ДОМ да го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата.

Слични содржини