ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог

од Nikola Popovski
213 прегледи

Партијата ДОМ која е дел од владеачката коалиција одлучи да не го поддржи предлогот-преговарачка рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од француското претседателство со Европската Унија.

-На вечерашната седница, Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ. ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности, соопштија синоќа од ДОМ.

Централниот одбор на партијата заклучил дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина.

-ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување, стои во партиското соопштение.

Слични содржини