„Конечно се изборивме за бесплатен автобуски превоз во Скопје за време на екстремна загаденост, за што водевме кампања изминативе три месеци!
![]()
Градоначалникот на Скопје ја прифати како една од пакетот итни мерки на ДОМ. Сега го повикуваме, во соработка со останатите надлежни институции, да ги спроведе и останатите мерки за спас на Скопјани од загадениот воздух.
Со оглед на фактот дека аерозагадувањето е проблем на СИТЕ поголеми македонски градови, ДОМ останува на своето барање до Владата да прогласи вонредна состојба и да ги преземе следниве ИТНИ мерки во градовите:
– Воведување пар-непар
– Повеќе автобуси и линии, како и јавен превоз во градови кај што го нема
– Забрана за возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
– Зелена зона за пешаци и велосипедисти во центарот
– Воведување ефтина дневна тарифа за струја на домаќинствата
– Затворање на градилиштата
– Преполовување на производството на индустриските објекти што загадуваат, по што државата ќе ги обесштети
– Редовно собирање на отпадот
– Субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива во домаќинствата“, се вели во соопштението на ДОМ.