ДОМ: Целосно го поддржуваме изготвувањето на посебен Закон за заштита на Парк-шумата Водно

305 прегледи

Во рамки на своето соопштение, партијата ДОМ посочува денес, дека застанува целосно во поддршка за изработка на посебниот Закон за заштита на Парк-шумата Водно.

Имено, тие белат дека е потребно да се донесат Просторен, како и План за управување, што ќе даде јасна деифиниција за активностите кои се дозволени, но и оние кои се забранети.

„Зелената партија – ДОМ, го подржува барањето на експертите, граѓанските здруженија и иницијативи за изработка на посебен Закон за заштита на Парк-шумата Водно.

Тековниот процес на прогласување на Водно за заштитено подрачје нема да обезбеди интегрална заштита и неопходно е со закон да се заштити поголем дел од планината, особено северната страна

Законот мора да обезбеди спречување на ерозијата, заштита од поплави и стабилизација на свлечиштата, односно да оневозможи натамошна изградба на нови објекти за домување и хотели на падините на Водно.

Потребно е да се донесе Просторен план и План за управување со Водно со што прецизно ќе се дефинира кои активности се дозволени, а кои забранети.

“Белите дробови на Скопје” и омилениот простор за рекреација на граѓаните, мора да се зачуваат“, стои во соопштението од ДОМ.

Слични содржини