Домаќинствата за 14% ја намалиле вкупната потрошувачката на струја во јануари

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Домаќинствата за 14 проценти ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од Електродистрибуција. Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 гигавати или 349 830 666 киловат часови, додека истиот месец минатата година биле потрошени 408 гигават часови електрична енергија.

-Од јануари од како на сила е новата цена на електрична енергија која за 99,2 % од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 отсто, споредбено со истиот период од минатата година, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

РКЕ од 1 јануари донесе одлука со која за 20,15 отсто се намали цената на електричната енергија за над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок се намалува за 4,11 проценти.

Слични содржини