225
Заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во месец декември 2022 година изнесува 17%, информира денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој обелодени и дека во ноември минатата година заштедата изнесувала 18 отсто, во октомври изнесувала 17 проценти, а во септември 2022 година – 9%.
-Мерките даваат резултат. Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15 проценти заштеда на електрична енергија, што беше препорака од мерките на Владата, потенцираше Бектеши во објава на својот Фејсбук профил.