Домаќинствата горат сѐ и сешто оти немаат избор, рече Меџити за лошиот квалитет на водухот

од Nikola Popovski
48 прегледи

Ова е заеднички проблем. Мораме да се соочиме со реалноста – или ќе плаќаме казни или тие пари ќе ги насочиме кон инвестиции и решавање на причините, а не да се бавиме со последиците. Веќе има амбиент и прво решение на кое што сакаме да се нафатиме е гасификација на урбаните средини, рече министерот за животна средина, Изет Меџити за големиот проблем со аерозагадувањето низ државата.

Тој повторно го впери прстот во домаќинствата кои што „користат се и сешто за греење“, но и ситуацијата со сообраќајот.

-Не дека сакаат, но, немаат избор. Исто така со Грин Фонд на ниво на Влада ќе субвенционираме да се зголеми бројот на тие што се греат на топлинска енергија и веќе ги има поурбаните градови. Тоа е почисто и од гасификацијата. Најверојатно се размислува и за термоелектраните кои што се на јаглен да се затворат до 2023 година и да се заменат со гасни централи. Воедно работиме и во однос на отпадот, кажа Меџити.

Хистерични се, рече Меџити за реакцијата на ДУИ по однос на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за албанскиот јазик. Според него, министрите од ДУИ во минатата Влада дале писмено мислење во врска со балансерот и сите се согласиле дека на алатката ѝ е поминат рокот и дека не е соодветен механизмот.

Меџити го повтори ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека составот на уставните судии во Уставниот суд е избран од тогашното владино мнозинство.

-Луѓето се во паника, немаат визија и не се соочуваат со новата реалност дека се во опозиција, кажа вицепремиерот по Меѓународната конференција на народни правобранители и национални човекови права.

Слични содржини