Домашните млинови имаат залиха од 45.000 тони пченица

од Nikola Popovski
322 прегледи

Министерот за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски информира дека во државата има сосема доволна количина пченица и пченка.

-Во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка, објави Николовски доцна синоќа.

За изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ и понудените количини жито, Николовски вели дека тие се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви.

Вучиќ синоќа на прес-конференција информира дека Србија ќе ѝ испорача на С. Македонија количество на пченка и пченица на наше барање.

-На Северна Македонија и одобривме колку што ни побараа за да купат пченица и пченка. Предвидени се 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка. Секогаш ќе имаме за регионот и за нивните потреби. И за БиХ и за Црна Гора и за Северна Македонија, рече Вучиќ.

Слични содржини