Ја оставаме позади нас 2025 година која донесе голем број на предизвици, економски, енергетски, локални и централни за нашата Македонија. Сепак полето за кое наголемо се зборуваше на прес-конференции е туризмот кој можеме да го набљудуваме од две перспективи. Првата преку податоците од Државниот завод за статистика и втората со анализирање и компарирањето на повеќе индикатори кои во многу работи ќе не замислат или во најмала рака ќе иницираат дополнителни прашања на кои се потребни одговори.
Доколку ги погледнеме статистичките податоци за месец октомври 2025 година во кое за првите десет месеци имаме раст на туристи за 5,4 отсто и тоа кај странските туристи со раст од 9,3 отсто и намалување на домашните туристи за 2,3 отсто. Раст на странските туристи за кои плаќаме субвенции и континуиран пад на домашните туристи кои ни се одлеваат во регионот, а преставуваат најзначајната алка во одржливост на дестинацијата. Остварените ноќевања за истиот компаративен период од првите десет месеци 2024/2025 година се со раст за 0,6 отсто кој не влева долгорочен оптимизам, односно континуирано намалување на ноќевањата во текот на сите месеци од годината кај домашните туристи за 4,2 отсто. Ова укажува дека растот на странските ноќевања за 6,4 отсто не го следи растот на странските туристи, односно драстично кратко задржување во дестинацијата.
Продлабочувањето на податоците со дополнителни податоци кои загребуваат во суштината откривајки една друга димензија која воопшто не оди во прилог на растот и одржливоста во македонскиот туристички сектор.
Голема изложеност и зависност на дестинацијата од кружните балкански патувања кои во 2025 година преставуваат скоро 1/3 од вкупните туристи во Македонија. Губењето на стратешките туроператори од неколку европски земји со аранжманите на пет и седум денови во Охрид во сезоната и високата сезоналост во нашиот прв туристички центар Охрид. Промоцијата која сите ја очекуваа изостана за 2025 година доведуваат до голем број на оценки од туристичкиот сектор дека е на многу пониско ниво со вон- пансионската просечната потрошувачката од предходните години.
Анализирајки го туристичкиот сектор преку анкетни прашалници се добиваат резултати кои ги поврдуваат стравувањата за успешноста на 2025 и очекувањата за 2026 година. На прашањето „Дали 2025 година е подобра од предходната“ позитивно одговориле 21% од испитаниците. „Дали сметате дека 2025 година е иста како 2024 година“ позитивно одговориле 31% од испитаниците, додека на прашањето „Дали 2025 година е полоша од 2024 година“ позитивно одговориле 37% од испитаниците, а со многу полоша 11% од испитаните 550 компании од туристичко угостителскиот сектор. Оваа анкета ја потврдува предходната констатација која не преставува игра со бројки туку јасен показател дека туризмот во Македонија се развива спонтано без зацртана стратегија, јасни цели и равојни системски решенија кои ќе донесат долгорочен развој во оваа македонска економска гранка. Уште повеќе загрижува изложеноста на еден странски пазар односно турскиот кој доминира со над 22% од вкупниот број на туристи и просечни ноќевања од 1,6 во дестинацијата што е премног малку и создава голем притисок врз дестинацијата во краток временски период.
Еден од ефектите кој ја покажува неодржливоста на туристичките дестинации во Македонија се преточува во растот на услугите во рестораните и хотелите за 2025 година кој според статистика е со просечен раст од 6%, што не покажува ист раст на квалитетот и услугата која е пружена кон клиентите. Овој раст највеќе се должи на краткиот пик на сезоната, непредвидливоста во планирањето на човечките ресурси, зголемениот праг на рентабилност на хотелите и рестораните со што се добва генетална слика каде цената не ја оправдува добиената услуга и очекувања на туристите.
Веќе на сите елоквентни личности во туристичката индустрија ни е јасна состојбата со недостаток на интегриран пристап и отсутна промоција како и туристички бренд кој ќе се развива во наредната декада.
Кога е туристиката промоцијата во прашање и тоа што можеме да направиме веднаш е отпочнување на иновативна и креативна кампања за нашата дестинација преку социјалните канали и националната интернет страница www.macedonia-timeless.com кои многу успешно е градена низ повеќе од една деценија со вложување на голем интелектуален труд од вработените во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Методологија на промоција од која применуваат голем дел нашите соседи и која не одвојувала во пристапот и добиените позитивни ефекти со растот и развојот на туризмот во Македонија.
Доколку ја пребараме фан страницата Macedonia-timeless веднаш ќе забележиме дека последните ажурирања се во мај 2025 година, додека интернет страницата има многу малку ажурирани податоци во 2025 година што јасно не наведува заклучок дека некој се откажал од нешто што сме градиле и потрошиле една деценија со 57.000 следбеници и повеќе од милион пребарувања годишно. И можеме да поставиме уште милиони прашања и констатации, но очигледно е дека ја испуштаме можноста во 2026 година вистински да блеснеме во туризмот двоцифрено во бројки, а не растот да биде проектиран на 5 до 7 отсто.
Јасно е на сите дека изјавите за 4 милиони ноќевања во 2025 година не се достижни, а се поставува прашањето дали и оваа сезона ќе успееме да ја пробиеме бројката од 3,5 милиони ноќевања кои беа предвидени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2024 година. Не треба да се заборави за улогата на Министерството за култура и туризам кое треба да ги води стратешките политики и инплементира истите на секое поле во дестинацијата со стратешко планирање на реални проекции во туризмот и остварливи цели кои за 2025 година се покажаа недостижни. Туризмот е комплексна економска гранка која влијае врз повеќе од 20 други економски гранки на директен и индиректен начин. Туризмот е осетлив на инпровизации и потребен е стратешки долгорочен пристап со висок професионализам и истрајност на донесување развојни политики кои според постигнувањата во 2025 година не может да се видат.
Потребно ни е нешто повеќе од тоа туристите да не посетат и останат 72 часа бидејки времето на престој на туристите во дестинациите и зависи од атрактивноста на истите во секој елемент на туристичката понуда. Во тој дух во продолжение неколку среднорочни мерки кои ќе дадат позитивни сигнали и започнат во градење на Македонија како уникатно искуство, зголемување на позитивните ефекти од туризмот кои реално ќе преставуваат инпут за раст на бруто домашниот производ до 2030 година. Мерки кои со нивната инплементација ќе овозможат до 2030 година 1 милијарда долари туристички промет во македонската економија, повеќе од 4,5 милиони ноќевања и учество во БДП дирекно од 6 отсто со силен развоен ефект на руралните средни и заштитата на природата.
За подобрување на состојбата во македонскиот туризам потребно е продолжување на престојот на туристите преку развој на пакет-аранжмани – културен, рурален, вински, авантуристички и здравствен туризам. Диверзификација на туристичката понуда со цел намалување на сезоналноста и зголемување на целогодишниот туризам. Подобрување на квалитетот на услугите преку континуирана едукација на кадарот и стандардизација на туристичките услуги. Засилена меѓународна промоција на Македонија како дестинација за кратки и подолги престои, со фокус на приоритетни странски пазари. Поддршка на домашниот туризам преку стимулации, ваучери за домашните туристи и промотивни кампањи за домашен туризам. Подобрување на инфраструктурата и пристапноста, особено до туристичките дестинации и руралните средини. Дигитализација и иновации (онлајн резервации, дигитален маркетинг, паметни туристички решенија). Подобра координација меѓу институциите и приватниот сектор за креирање интегрирана туристичка понуда.
Не треба да се исклучи капацитетот на институциите односно Министерството за култура и туризам кои ги спроведува мерките, односно да се создадат институции доволно професионални и транспарентни за секој вложен денар од државниот буџет како и мерливи ефекти за нивната работа. Професионални тимови кои туризмот го перцепираат како можност за развој, раст, етаблирање на државатa и интегриран промотивен пристап во промоцијата.
Се дотогаш ќе имаме бледи туристички години како 2025 година и навидум уште една која следни по неа, бидејки доколку се продолжи на ист начин ќе се добијат истите скромни резултати во 2026 и 2027 година.
Доц. д-р Љупчо Јаневски
Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.