Почетна / Магазин / Деликатеси / Домашно чоколадно млеко од лешници

Домашно чоколадно млеко од лешници

Ако сте љубител на чоколадно млеко, но не смеете да го пиете од одредени причини, еве една идеја за подготовка на чоколадно млеко од лешници

СОСТОЈКИ
1чаша непечени лешници
4 чаши вода (за киснење)
3 чаши ладна вода
1/4 чаша какао во прав
2 лажици мед
1 лажица ванила екстракт
1/4 лажичка пеперминт екстракт
прстофат сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Ставете ги лешниците во сад и полејте ги со 4 чаши вода, па оставете ги да се киснат преку ноќ, 8-12 часа. Колку подолго покремасто ќе биде млекото. Следниот ден истурете ја водата во која се киснеа и измијте си со свежа вода. Ставете ги во блендер заедно со сите состојки и блендирајте 3 минути. Процедете го млекото низ газа и стиснете убаво за да се исцеди течноста.  Готовото млеко префрлете го во сад и ставете го во фрижидер да се излади. Може да го пиете до пет дена.

 

loading...