Домашно греено вино: Целиот дом ќе мириса прекрасно

од Elena Daskalova
506 прегледи

Грееното вино во овој период од годината е одлично за оние кои сакаат малку повеќе да се релаксираат и да уживаат во неговиот прекрасен вкус.

Основниот рецепт е едноставен, вино, шеќер и зачини, а уникатноста се постигнува со нивното комбинирање. Во него можете да додадете и кора од портокал додека се вари, цимет, мускатно оревче, каранфилче и цимет, ванила, сируп со вкус на шумско овошје, исцедена мандарина, да додадете ловоров лист, малку бибер…

Во продолжение погледнете еден рецепт кој сигурно ќе ви се допадне:

2 шишиња квалитетно црно вино
2 мандарини
Една лимета
300 гр шеќер
6 каранфилчиња
Едно стапче цимет
Едно стапче ванила
3 ловорови листа
Мускатно оревче
Анасон

Подготовка:

Во тенцерето ставете го шеќерот, сокот од лимета, изренданата кора и сокот од мандарините. Ставете ги и зачините и залејте со малку вода и варете додека да добиете сируп. Потоа додадете го виното и варете додека да се соединат состојките. Процедете го пред послужување.

Вкусот можете да го збогатите со рум, ликер од вишни или од бадем, за да добие посебен вкус.

Слични содржини