209
Еве како сами да направите домашно темно чоколадо.
СОСТОЈКИ:
100 гр какао
3-4 лажици кокосово масло
3 лажици мед
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете какао, па полека додајте кокосово масло, додека не добиете смеса со средна густина. Потоа оваа смеса матете ја со жица неколку минути, па додајте мед и уште малку матете.
Кога состојките ќе се соединат, смесата ставете ја во калап и оставете во фрижидер да стегне најмалку два часа.
Уживајте!