Тајландскиот премиер, Фетонгтарн Шинаватра во вторникот се сретна со шефот на Формула 1, Стефано Доменикали и најави дека владата на земјата ќе спроведе физибилити студија за домаќин на улична трка во Бангкок од 2028 година.
Тајланд веќе има акредитирана патека во Бурирам каде се одржува Мото ГП, но сега Тајланд оди чекор понатаму со овој предлог да организира улична трка во Бангкок.
„Имавме можност да разговараме за можноста Тајланд да биде домаќин на трка во Формула 1, голем спорт кој е популарен низ целиот свет. Владата потврди дека ќе спроведе физибилити студија, вклучувајќи студија за потенцијалната патека, буџетот и вредноста што овој настан потенцијално би му ја донесе на Тајланд“, рече премиерот Шинаватра.
Таа додаде дека тоа ќе биде важна работа за Бангкок, што ќе ја подобри патната инфраструктура, но и ќе привлече нови туристи.
„Верувам дека жителите на Тајланд би имале корист од организацијата на овој настан преку подобрување на инфраструктурата, отворање нови работни места, отворање за нова генерација и иновации. Уверена сум дека овој проект ќе биде успешен. Ова е уште една одлична можност за нас да бидеме домаќини на настан од светска класа“, заклучи таа.
Доменикали се огласи на социјалните мрежи за да го изрази своето мислење дека предлогот што го видел е импресивен: „Со нетрпение очекувам да го продолжи договорот во наредните недели и месеци“, изјави Доменикали.