Актуелно
Почетна / Спорт / Доминик Тим сака да се смири со Серена Вилијамс

Доминик Тим сака да се смири со Серена Вилијамс

Финалистот на „Ролан Гарос“, Доминик Тим се надева дека ќе се помири со Серена Вилијамс. Како знак на добра волја, тој посочи дека и двајцата треба да учествуваат во турнир во мешани парови.

И двајцата беа во центарот на напнатоста за време на „Ролан Гарос“. Додека зборуваше за време на прес-конференција по уште една победа, организаторите во замолија Австрецот да се пресели во помала просторија, бидејќи Вилијамс, кој штотуку беше елиминирана, требаше да добие пристап до главната.

Тогаш Тим се налути и рече дека Американката покажала лош карактер.

„Веројатно ова не била грешка на Серена. Сметам дека нејзините постигнувања се неверојатни, ексклузивни. Би сакал да ги подобриме односите со неа, откако ќе учествуваме заедно во мешани двојки на „Вимблдон“ или „Ју Ес Опен“, рече Тим.

Австриецот додаде дека е забавно како такво недоразбирања се случило на „Ролан Гарос“.

Тим, чија моќ е на земјените терени, се надева дека ќе го подобри својот настап на „Вимблдон“. Досега тој никогаш не стигнал до четвртфиналето.

loading...