Домино ефект: Трансферот на Мбапе го „сели“ Дијаз од Ливерпул во Париз

од Vladimir Zorba
3,K прегледи

Со заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, позицијата лево крило практично остана празна во Пари Сен Жермен.

На тоа место тренерот Луис Енрике го има само Бредли Баркола, па не е чудно што еден од најбогатите клубови во светот почна да бара нова ѕвезда.

На врвот на листата со желби што ја составија тренерот Енрике и спортскиот директор Луис Кампос е Луис Дијаз.

Сепак, ПСЖ не е единствениот клуб кој летово го посакува Колумбиецот во своите редови. Заинтересирана е и Барселона, според каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.

За разлика од парижаните, Барса прво би морала да продаде играч за да собере пари за асот на Ливерпул, а како „средство“ за овој трансфер се споменува бразилското крило Рафиња.

Дали на „Енфилд“ би биле подготвени да го продадат Дијаз? Па, тешко е да се каже, особено ако не знаеме колку пари се подготвени клубовите да платат за овој одличен фудбалер.

Но, судејќи по пишувањето на порталот „Liverpool Echo“, не е невозможно сопствениците на „црвените“ да ја разгледаат можноста да го продадат Колумбиецот и да доведат нов играч на позицијата лево крило, бидејќи, нводно, од Дијаз се очекувало повеќе од 24 гола и 13 асистенции на 98 натпревари.

Како што секогаш се случува, еден голем трансфер во европскиот фудбал со себе носи и неколку нови. Можно е тоа да биде случај со Мбапе и Дијаз.

Слични содржини