Домот за стари лица во Радовиш ставен во карантин

од Берта Китинска

Комисијата за заразни болести претпладне донела одлука Домот за стари лица во Радовиш да се стави во карантин, информираше за МИА државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој е и член на Комисијата.

-За здравјето на штитениците во Домот со одлуката на Комисијата ќе се грижат матичниот лекар, но и два пати во денот ќе доаѓаат лекар и медицински персонал од Здравствен дом Радовиш, рече Милошев.

Потврди дека од Домот за стари лица од коронавирусот се заразени десет лица, седум штитеници и тројца вработени, а четворица се на болничко лекување. Останатите се тестирани и се чекаат резултатите од тестовите.

Слични содржини