Дон Јуп за Тухел: Си имам други проблеми

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хајнкес го прокоментира утрешното дерби со Борусија Дортмунд и гласините дека Томас Тухел одбил да го замени на функцијата во текот на летото.

„Во моментов имам други проблеми. Ние се концентрираме на спортскиот аспект. Се друго е во рацете на раководството“, изјави Хајнкес на прашање за својот 44-годишен колега.

„Не размислуваме за претстојниот натпревар со Севиља, но се разбира дека сум се информирал за нив, тоа е императив. Секогаш сум велел дека по пауза по натпреварите на националните тимови секогаш е тешко да се вратиш во правилен ритам. И ние треба да работиме на ова“.

„За нас не е важно кога точно ќе станеме шампиони – дали ќе биде оваа, следната или седмицата по неа. Целосно мирен сум. Со натпреварот против Дортмунд започнува жешката априлска фаза кога не чекаат речиси секоја недела по два натпревари. И ќе биде убаво да влеземе во оваа фаза со една победа“.

„Секогаш е мотивирачки да играш против Дортмунд. Според мене Борусија ќе го покаже својот потенцијал утре. Тие имаат огромен потенцијал во напад и многу добри играчи. Најверојатно повторно ќе се квалификуваат за Лигата на Шампионите“.

„Артуро Видал се врати со повреда од репрезентацијата на Чиле, има истегнување во бутот. И лекарите ме советуваа да му дадам одмор. Хуан Бернат има лесна повреда во коленото и затоа исто отпаѓа. Останатите играчи се подготвени“, коментира Дон Јуп.

Слични содржини